Свет

Приватни информации што не треба да ги споделувате со колегите од работа

Во текот на работниот век е сосема нормално меѓу колегите од работа да се воспоставуваат и одредени степени на пријателство, но и покрај тоа некои информации треба да останат приватни.

Затоа, во дискусиите избегнувајте ги личните теми од овој тип:

Политичка определеност
На работното место бидете неутрални во однос на ова прашање, бидејќи многупати сме биле сведоци дека токму политичките ставови може да бидат причини за несакани конфликти.

Професионалноста на другите
Освен ако сте претпоставен кој одговара на повисока инстанца за својот тим, тогаш треба да избегнувате да се впуштате во дискусии колку некој колега е стручен, компетентен или миленик на шефот.

Вашата плата
Ако вие сте успеале убаво да се договорите, можеби на друг не му успеало тоа. Но, може и да дознаете дека некој еднаков на вас зема поголема плата. Запомнете, платата е деловна тајна меѓу вас и работодавецот.

Интимата со партнерот
Како што и самиот збор кажува, интимноста е за меѓу вас и партнерот. Не им давајте повод на колегите од работа да коментираат за вашиот приватен живот.

Озборувања за туѓа интима
Колку и да е некоја тема интересна и жешка за споделување, доколку вклучува интимност, стиснете заби и дозволете тоа да помине без вашиот коментар.

Дека барате нова работа
Оваа информација останува само за вас до моментот кога сте сигурни дека другата работа ви е веќе добиена. Може да се случи да се предомислите и да сакате да останете на ова работно место, а информацијата за потрагата не ви оди во прилог на тоа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(ВИДЕО) Србија: Емисија на РТС за 70-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците

saso user

Трамп помилува осуден медиумски магнат

saso user

Изборите во Украина: Што навистина се случи?

saso user