Број на текстови објавени денес: 41
Свет

Закана до Коен: Дали сопругата ќе ти остане верна додека си во затвор?

Во пресрет на денешното сведочење пред Конгресот на поранешен адвокат на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен, еден од најтврдокорните рупубликанци и поддржувачи на првиот човек на Белата куча, Мат Гец, му упати закана преку Твитер.

– Дали сопруга ти и нејзиниот татко знаат за твоите девојки. Вечерва е вистинското време да разговарате за тоа. Се прашувам дали сопругата ќе ти остане верна додека си во затвор. Ќе дознае многу нешта – напиша Гец на Твитер во пораката до Коен.

На прашање од новинарите дали има докази за наводното неверство на Коен, Гец синоќа прво стоеше зад своето тврдење, но за кратко време пораката беше симната од неговиот Твитер налог.

Упатените во Вашингтон велат дека со доаѓањето на Трамп политиката во САД „станала токсична“ и вакво однесување на еден член на Претставничкиот дом е не неприфатливо и треба да биде санкционирано.

– Трампизмот ги зафати најтврдокорните републиканци – изјавија коментатори за Си-Ен-Ен.

На сведочењето на Коен, поранешен посредник и адвокат на Трамп, чија работа се состоела во заташкување на сомнителните моменти од бизнисот на Трамп и од неговата претседателска кампања подоцна, се очекуваат сензационални откритија.

Тимот на Коен синоќа достави до медиумите делови од неговото денешно сведочење, што започнува во 10 часот по источноамериканско време (16 часот по средноевропксо време), во кое тој открива оригинални документи потврдени од вешти лица.

Така на пример, поранешниот адвокат на претседателот се подготвува да приложи докази како чековите за исплата на љубовниците на Трамп за прикривање за врските со него. Според Коен, чекот за порно актерката Сторми Дениелс, Трамп го потпишал во август 2017 година, повеќе од половина година откако станал претседател на САД.

Исто така, тој има намера да го открие фактот дека Трамп знаел за обелоденувањето на електонските пораки од кампањата на Хилари Клинтон од страна на Викиликс.

Коен присуствувал на разговорот помеѓу тогашниот претседателски кандидат и Роџер Стоун, со кого Џулијан Асанж водел директни разговори. Стоун, осомничен од специјалниот обвинител Роберт Малер, е клучната фигура во наводниот заговор на кампањата на Трамп со Викиликс и Русија за лиферување на хакираните електронски пораки на демократите.

Во декември лани Коен беше осуден на три години затвор за лажење под заклетва и затајување на данок.

Во текот на истрагата тој пред специјалното обвинителство на Робарт Малер, тој призна дека лажал под заклетва пред повеќе инстанци како конгресните комитети за разузнавање, кoи ја истражуваа поврзаноста на кампањата на Трамп со Москва и дека инструкциите да лаже ги добивал од самиот претседател.

Сведочењето во Конгресот е по негово барање, за, како што твирди, да го обели образот пред амриканската јавност и да ја раскаже вистината за неговиот поранешен клиент, претседателот Трамп, „дека е расист, измамник во бизнисот и вршител на можни криминални дела“.

Познавачите велат дека тридневното сведочење на Коен неделава, како и објавувањето на резултатите од истрагата на Малер за наводната поврзаност на кампањата на Трамп од 2016 година со Русија, што треба да се случи наскоро, е најголемиот тест за претседателот и неговата иднина во Белата куќа.

ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Штрајкот за климата ќе земе од часови над милион ученици

saso user

Уапсени 13.000 терористи во исламски регион од 2014 година во Кина

saso user

Ал Џезира: Телото на Кашоги изгорено во печката на резиденцијата на Саудиска Арабија

saso user