Број на текстови објавени денес: 39
Македонија Топ вести

Заев: Не сум дал налог да се гради среќа на туѓа несреќа

Не сум дал налог да се гради среќа на туѓа несреќа, има природно отворање на работни места поради одење во пензија или заминување во странство, рече премиерот Зоран Заев во одговорот на прашањето кое го постави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, која обвини дека во детските градинки и училишта се бркаат вработените кои не се од партиите на власт.

Таа праша и до каде е процесот на помирување бидејќи се создава впечаток дека тој бил искористен наменски.

– Точно е дека во општеството има многу омраза, донесовме стратегија, вклучени се невладини од дома и надвор, се работи на аспектот на политичките подмладоци. Има многу прашања, преку работни групи можеме да продолжиме да ги разгледуваме. Знам дека постои одреден дијалог, но треба да го интензивираме затоа што и нашите зачестени средби испраќаат порака на олабавување на општетството. Да зборуваме многу почесто и за простувањето и за помирувањето и ве повикувам сите да се вклучите во тоа национално координативнo тело. Треба да има помирување и во судството… Кулминацијата беше во парламентот и треба да почнеме од тука, но треба да продолжиме во јавните државни институции, во општините низ државата, но и да почнеме во политичките подмладоци и насекаде. Ова што ни се случи во државата во целиот изминат период нема кој друг да го среди, ако не ние првоодговорните – рече премиерот.

Тој рече дека веќе се формира национално координативно тело кое го раководи претседателот на Собранието, а помош нуди и меѓународната заедница. Според Заев, сега е време ова тело да се стави во функција, а како што посочи, и тој и министрите стојат на располагање за се што ќе биде потребно.

– Верувам дека ќе биде од помош на земјата ако направиме видлив исчекор и за економијата, и за севкупната успешност за државата. Сакам да испратам порака на подавање рака. Доаѓа кампања за претседателски избори и во самата кампања ние можеме да испратиме порака на разумност и одговорност или на конфронтизам што остава лош впечаток. Помирувањето е важно, поважно и од некои реформи што ги правиме. Верувам дека можеме да успееме, можеби не 100 отсто, но можеме во сериозен процент преку политика на простување и помирување пополека да ја вратиме кохезијата во општеството, секој да го сработи својот дел, за да ни биде попријатно овде и младите да не заминуваат – рече Заев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДЗС: Воздухопловна единица со повеќе од 120 лета и исфрлени 300 тони вода

saso user

Како се гласа?

saso user

Врховен го укина домашниот притвор на Мијалков за „Империја“

saso user