Бизнис

Тевдовски на конференција „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки” во Љубљана

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки”, која денеска и утре се одржува во Љубљана. На конференцијата учествуваат претставници од државите во регионот и на Европската комисија, а организатор е Центарот за обука во областа на финасиите (ЦЕФ) од Љубљана.

Министерството за финансии информираше дека Тевдовски ќе биде говорник на панелот „Економско управување во контекст на пристапот во ЕУ”, што ќе се одржи утре. Тој ќе се осврне на Планот за економски реформи (ПЕР) кој ги опфаќа мерките и реформите кои ги преземаме во процесот на пристапување кон ЕУ. На овој панел ќе учествува и министерот за здравство на Црна Гора, заменик-министерот за финансии и економија на Албанија и координаторот за Програмите за економски реформи на Босна и Херцеговина.

Конференцијата е дел од проектот за зајакнување на капацитетите на министерствата од земјите на Западен Балкан и Турција за процена на фискалните импликации од структурните реформи.

Во процесот на пристапување во Европската унија, економиите од земјите во регионот треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на ЕУ. Економското управување, конкурентноста и трговијата се идентификувани како клучни области кои треба да се зајакнат. Во тие рамки, клучни инструменти на политиката во овој процес се програмите за економски реформи (ПЕР), вклучувајќи ги структурните реформи, со цел да се поттикне растот и конкуренцијата, а истовремено обезбедувајќи фискална дисциплина и одржливост.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Банките го олеснуваат кредитирањето, граѓаните и фирмите трупаат долгови

saso user

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

saso user

Енергијата ја трошиме за греење и ладење, бараме субвенции за да ја штедиме

saso user