Бизнис

Владата ќе користи германски искуства за побрз економски развој

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска оствари средба со специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, Валтер Деф со кого разговараше за тоа како да се искористат германските искуства за да се овозможи побрз економски развој.

Двајцата соговорници, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, разговарале за стратешките приоритети на Владата во делот на економијата и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст.

– Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата, велат од Кабинетот на вицепремиерот.

На денешната прва средба, Анѓушев истакнал дека споделувањето на искуствата за европските фондови ќе биде од големо значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Северна Македонија.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисија каде извршувал повеќе должности. Меѓу другото бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Една година успешна приказна на првата македонска фабрика за фотоволтаични панели

saso user

Се скараа поради Хуавеи, но Кина не се откажува од трговски преговори со САД

saso user

Кинескиот амбасадор најави укинување на визите

saso user