Македонија

СДСМ: Мицкоски да ги повика својот братучед, сопругата, сопругот на секретарката да дадат отказ

Наместо да молчи Христијан Хидро Мицкоски да ги повика роднините вработени во државни компании и јавната администрација од морални причини. Мицкоски да го повика неговиот прв братучед Горан Манасиевски да се повлече од ЕЛЕМ турс, порачува СДСМ.

„Граѓаните знаат дека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ а во оваа компанија вработени се и сопругот на неговата лична партиска секретарка, но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.

Вистинско олицетворение на хидро непотизмот.

Не изостанува ниту вработувањето на неговата сопруга во гимназијата Орце Николов во Скопје.

Но, вистински пример за класичен непотизам е самиот Мицкоски, уште во времето кога беше асистент на својот татко на Машинскиот факултет.

Христијан Мицкоски време е да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени за време на 11 години расипничко владеење.

Ако Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат борба против непотизмот треба да започнат од своите редови, нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Апелациски суд: Во пресудата за Фросина земени се предвид сите околности

saso user

Хан: Европската Комисија најверојатно ќе препорача преговори за Северна Македонија и Албанија на 29. мај

saso user

ДКСК ќе расправа за избор на заменик претседател

saso user