Македонија

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за исчезнати им биле вадени органи. Директорот на Институтот, Александар Станков, за Макфакс тврди дека се утврдуваат причините за смртта кај последните два случаи, 39-годишната скопјанка чие безживотно тело беше пронајдено во водите на Вардар, и 35-годишниот скопјанец кој беше пронајден мртов во бездна во Нерези.

– Сме немале случај на некое починато лице да му недостигаат органи. Ниту кај 39-годишната жена, ниту кај момчето. Кај жената е извршена обдукција, додека за момчето анализите се во тек – вели Станков.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Охриѓани се степале поради првенство на минување

saso user

Благодарност за Холандија од независната ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

saso user

11-годишно дете повредено во сообраќајка во Гостиварско

saso user