Свет

Ципрас: Грција веќе е извор на добри вести

Грција стабилно и безбедно чекори на патот на закрепнување, а земјата веќе е постојан извор на добри вести во меѓународните новини, рече грчиот премиер Алексис Ципрас во неговиот говор на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Грција, говореше за позитивниот тек на земјата, истакна дека континуирано се демантираат предвидувањата за неуспех и катастрофа и објави нови владини мерки, овој пат, за заштита на живеалиштата, односно за социјално ранливите групи.

– Програмата за субвенционирање на закупи со вкупен годишен буџет од 300 милиони евра, што се веќе обезбедени од нашиот буџет се однесува на вкупно 260.000 домаќинства и 667 илјади луѓе. Субвенцијата ќе се движи согласно приходите и членовите на домаќинството, почнувајќи од 70 евра, па до 210 евра месечно, нагласи грчкиот премиер и објасни дека и малолетните деца ќе се сметаат како возрасни.

Втората мерка што ја соопшти Ципрас се однесува на домаќинствата со т.н. „црвени кредити”, програма за која од буџетот се одвоени 200 милиони евра за околу 180 илјади домаќинства и 460 илјади граѓани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија

saso user

Лажна тревога за пожар во британскиот Парламент

saso user

„Форин полиси“: Трамп бара од Токио 8 милијарди долари за оставање на американските војници во државата

saso user