Број на текстови објавени денес: 132
Бизнис Топ вести

ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЗШВ ГИ УНИШТИ ОВОШТАРИТЕ, ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА !

Шеснаесет камиони -шлепери со високо квалитетно Јаболко ,пред 4 дена се вратени од страна на Руската Федерација без никакво образложение, нешто со што се стави Црн Печат на овоштарството во Македонија. Доколку се знае фактот дека само превозот на Јаболко до Руската Федерација чини од 6000 до 7.500 Евра во еден правец,а според Закон макеоднските извозници сега имаат додатен трошок да го вратат Јаболкото до Северна Македонија, штетите се преголеми,ќе морат или да го фрлат во Дрисла или, во најблага варијанта да го предадат по 1 дненар за килограм во некоја од сокарите , доколку постои добра желба нивна да го примат истото!!

ОВОШТАРСТВОТО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОПАДНА ОД ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МЗСВ,ПОВРАТОК НЕМА!

Промените во мерките во новата Програма за директни плаќања во делот на финансиската поддршка за производство на јаболка,ГО УРНИСАА ЦЕЛОКУПНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО Северна Македонија .Погрешната финасиска подршка по пат на  Субвенции само го зглолеми хаосот и доведе до состојба од која нема излез.

Погрешната политика на давање на субвенции во земјоделието ,каде субвенциите се даваат по хектар засадена површина , субвенционирање од град ,ран мраз и останато , без да се има  реална слика кој ,колку не само произвел , туку продал или извезол во странство , доведе во состојба ,денес сите кој имале било каква нива , да се пријават додатна дејност – Земјоделие ,не што имаат толку голем мерак да одгелдуваат земјоделски култури , туку мерак по пусти субвенции, оние најслатки државни пари….

СУБВЕНЦИОНИРАН ЛЕГАЛЕН КРИМИНАЛ

Доколку само до пред 15 години ,најголемиот овоштарски реон Општина Ресен имало регистрирано околу 60-тина производители на јаболко , денес ,благодарение на субвенциите ,не постои фамилија која нема додатна Овоштарска дејност, независно дали се минситри , градоначалници , државни службеници, директори итн.Додатно на сето ова поединци добија и државно земјоделско земјоште од по 10-тици хектари , кој не ни знаат каде им се наоѓаат , ама субвенции редовно си примаат???!!

Од друга страна постојат фамилии чија основна дејност е токму Овоштарство  , фамилии кој години наназад инвестирале во овошните насади ,а има и такви кој имаат вложено и над 1.000.000 Евра во супер модерни насади.

Тука се јавува хипокризијата на грешната политика на Владата и ресорното министерство, па така наместо да ги субвенционираат  реалните јаболко производители, државата врши субвенционирање на оној нереален сектор , кој не вложуваат ништо , за на крај уште државата да му плати субвенции и други додатоци???!!!

Се поставуваат релани неколку прашања :

  1. Зошто не се врши субвенционирање по килограм предадено-продадено Јаболко со званична потврда за продадено-откупено Јаболко , а која финасиска потврда би дала основ за субвенционирање по килограм?
  2. Зошто не се врши субвенционирање по килограм предадено-продадено ИЗВЕЗЕНО Јаболко на фирмите кој извезуваат , како би се стимулирала извозната политика , што додатно би допринело кон реално-легална цена на Откуп на јаболко од овоштарите?
  3. По која логика државата субвенционира Ран Мраз , Град и останато ,а ко се знае фактот дека постои Земјоделско Осигурување од страна на Осигурителни компании , со што драстично би се намалила матната игра со субвенциите???

Во 2017 година во Општина Ресен , подрачната канцаларија за Земјоделие исплатила субвенции по два до три пати на исти лица во зиноси од по неколку 10-тици илијади евра ,на лица кој немаат ниту една овошка засадена и ,за тоа никого мрава не го лази?? За овој настан знаеле сите од Овинители до полицајци , се така лесно се премолчи , некој дебело се омрсил државни пари?!!

Бела Нафта , црно семе , ниту трага ниту глас, наместо државно субвенционираниот откупен Центар „Макази“ на фамозната фирма од Дубаи , Ресен доби само објект кој се издава под закуп на одредени фирми извозници , наместо Јаболко во Дубаи , Ресен доби уште една промашена инвестиција со народни пари!!

Иста игранка е и со останати земјоделски култури, секој лапа субвенции , само за реланиот Земјоделец оставен е Копач,зошто доколку се изгуби во овоштарството една година , потребно да се обнови истото се три години,а ние имаме зад нас веќе три пропаднати години!Колку години ќе ни треа да се опорават овоштарите??

Сашо ДЕнесовски

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Амди Бајрам се откажа од трката за претседател ВИДЕО

saso user

За Фуере нема сомнеж дека Груевски за бегството соработувал со Унгарија

ohrid_user

Љубителите на домашни миленици неажурни, чипирањето оди бавно

saso user