Број на текстови објавени денес: 0
Македонија Топ вести

Груевски за Пинк: Србија не е вмешана, ми помогнаа унгарски амбасади

Се среќаваме со серизен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, екс премиерот и азилант во Унгарија, Никола Груевски.

Во првото интервју за странски медиум груевски изјавил дека Србија нема врска со неговите одлуки.

– Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на ѕнгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми – вели Груевски за Пинк.

Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО , и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем.

Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.

Зборувајќи за гласањето за промена на уставот во Собранието и нудењето на аболиција на поединци од ВМРО ДПМНЕ од страна на мнозинството, Груевски вели дека тоа не се крие, туку веќе отворено за тоа се зборува.

извор: Пинк

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Глоба и 5 години забрана за велз во РСМ на лицето Гјорѓ Пренкоцај ,кој го псотавил знамето на Албанија на Самоилова Тврдина во Охрид

saso user

Груевски издаде книга, им ја посвети на ќерките Анастасија и Софија ФОТО

saso user

Лекарот Хекуран Дука кандидат на ДУИ за градоначалник на Дебар

saso user