Број на текстови објавени денес: 0
Досие

ОТВОРЕНО ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ-ДЕПОНИЈА ГРАДИСИ ДОМА ,СКЛАДИРАЈСИ НУКЛЕАРЕН ОТПАД ДОМАТИ.

Почитуван министре Садула Дураки!

Денес се одржа протестен митинг во срцето на Дебрца на Денот на планетата Земја, против изградбата на „регионалната депонија за смет“, која се планира да се лоцира во атарот на селото Годивје. За многубројните чуватели на средината кои се појавија на импровизираната говорница со свое мислење изгледа дека малку сте заинтересирани,поточно воопшто не ве интересира. Пред се, знаевте однапред што ќе кажат: – дека Дебрца е папочна врвца на Охридското Езеро или главна Артерија која со своите реки се дел од сливот на езерото кое е под заштита на УНЕСКО, дека депонијата ќе покрие културно историски споменици од неолитот па се до новото време, дека Дебрца е гнездото на македонската борба за слобода уште пред  Илинденскиот период, ама е и предводник на Македонската Револуција од 1941 до 1945 година, творец на Армијата на Македонија и на стотици жртви дадени во НОБ,творец на возообновената Македонска Православна Црква,творец на писмениста. Селото Годивје кое сакате да го извалкате со смет(и радиоактивен отпад) е инспирацијата за денешната химна на Македонија. Веднаш наспроти Годивје возобновена е и Охридската архиепископија. Тука се наоѓа и најголемиот извор на питка вода во Европа „Сини Вирој“ ама и многу учени луѓе кои низ времето биле амбасадори, премиери, министри па дури и председатели на државата. Изгледа дека сето ова го очекувавте, па највероватно и најдовте изговор за негирање на фактите.

Арно ама, многу е важно да ви укажеме на факти кои мислите дека се резервирани само за Вас и дека народот на Дебрца не ги знае. Да кинисаме редоследно:

  • Не е точно дека поднебјето ќе остане не загадено кога знаеме дека со земји членки на ЕУ е направен договор за складирање и обработка на нуклеарен отпад.
  • Ве молам, само за себе оставете го убедувањето дека нуклеарните агенси во облик на отпад нема да ги загадат подземните води, бунарите, реките и целиот слив на Охридското Езеро.
  • Вие како да размислувате само за персоналот на опслужување на депонијата која за почеток ќе живее во пет бараки, за оваа прилика сместени семејства на изведувачот и експлотатарот на „фабриката“ за обработка на отпад, за која знаеме дека ќе бидат семејства од Албанија.
  • Реков пет бараки, ама за половина година ќе бидат 30 бараки кои подоцна ќе побараат кино сали, маркети, ресторани… и се она што го чини еден град. Еден град, ама населен со албанска поулација што се чини дека е вашата главна цел , албанизација на Дебрца која денес преставува тампон зона за реализирање на проектот „Голема Албанија“, и тоа на релација Кичево Охрид која всушност навлекува користење на патниот коридор, заедно со аеродромот во Охрид.
  • Ова господине министре народот во Дебрца нема да ви го каже на протестот, ама вреди да сватите дека тоа го знаат. Не дозволувајте во иднина вие да градите против нивната желба, зашто, блиску се до големата вода, иако не е морска, тие веруваат дека плимата која се појавува во текот на ноќта, може да ви предизвика штета на вашите градби. Да сте ми здрав и жив. Во оваа прилика не сакам лично да ве поздравам само јас, напротив Ве поздравуваат сите оние жители на Дебарца, но и оние кои потекнуваат од таму,а на кој за нивните фамилии има преголемо значение.

П.С.

Почитувани , не барајте рогови во вреќи, зошто овој народ не Ви ја дал довербата да ја уништите Дебарца и цела Западна Македонија.Роговите може лесно да ги добиете по вашите глави , со пенкало,но ако биде потребно бидете сигурни со сопствените животи ќе ја браниме Дебарца,исто како што ја бранеле нашите претци од наездите ,како ова сега ваша наезда.Но овој пат нема да има политички договори, нема да помине-Но Пасаран

Сашо Денесовски – Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДЕНЕСОВСКИ: Тешко е денес да си Македонец,секогаш војувале против самиот себе и секогаш губеле!

saso user

Нелојалната конкуренција и во новинарството созадава Хибрид од лажни вести, кој штетат на државата.

saso user

ДЕНЕСОВСКИ- РЕФЕРЕНДУМ, ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР СО ПОМОШ НА БЕНЗИН?!

ohrid_user