Број на текстови објавени денес: 12
Балкан Топ вести

Божиновиќ: Инцидентот во Сплит најостро го осудуваме, примивме протестна нота од Србија

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ денеска најостро го осуди нападот на ватерполистите на Црвена Ѕвезда и истакна дека полицијата веднаш реагирала.

– Инцидентот најостро го осудуваме, тој е неприфатлив од секој аспект, рече Божиновиќ.

Како што пренесува Танјуг, хрватскиот министер за внатрешни работи потврдил дека Србија испратила протестна нота на Хрватска , како и тоа дека српското Министерство за надворешни работи бара итна истрага, идентификација и казна за сторителите.

– Како што гледате, хрватската полиција е многу брза, рече министерот Божиновиќ.

Тој порача дека „сите кои мислат хулигански да се однесуваат“ полицијата ќе направи се да ги пронајде и да ги санкционира.

Министерот Божиновиќ наведе дека во Хрватска континуирано гостуваат спортисти од Србија, дека во текот на вчерашниот ден имало уште три спортски клуба, денеска уште еден и оцени дека не треба да се генерализираат работите и „да не се создаде впечаток дека Хрватска е несигурна како домаќин“.

Ватерполистите на Црвена Ѕвезда беа нападнати вчера во Сплит, а полицијата утрово уапси три момчиња, а двајца се бараат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Обвинителство: Се испитуваат очевидците на сообраќајката кај Ласкарци, исказ ќе даде и возачот

saso user

Тајна вечера во ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со кандидатот Влатко Ѓорчев

ohrid_user

Груевски за Пинк: Србија не е вмешана, ми помогнаа унгарски амбасади

saso user