Сцена Топ вести

Пронајдена мртва ирска манекенка по шифрирана порака на Фејсбук

Ирската манекенка Али Мекдонел е пронајдена мртва откако објавила шифрирана порака на Фејсбук, пренесува „Фокс њуз“.

Триесет и седумгодишната Мекдонел, мајка на четири деца, неколку часа пред смртта напишала:

– Зошто е во ред маж да нарече девојка дебела грда ……. ? Сериозно, ново ниво на туркање некој на работ.

Не е јасно на кого таа му се обраќа ниту кога наводниот инцидент се случил.

Полицијата одлучила да не ја третира нејзината смрт за сомнителна, но ќе ги истражува сите кои биле во контакт со една од најпознатите манекенки на Ирска пред трагедијата.

Мекдонел била самохрана мајка на четири деца – најголемото има 17 години и се вика Алекс, 15-годишната Сара, деветгодишниот Хари и двегодишната Сиена. На Инстаграм манекенката ги опишува како „сиот мој свет“.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Филипче: Тетовската болница за две години екипирана со 200 лекари и друг персонал

saso user

Итно одземен имунитетот на судијата од Управниот суд, но нема да биде притворен

saso user

Кобен е 15 април во стветската историја ,Пожар во Нотр Дам, потонување на Титаник, смртта на Линколн

saso user