Топ вести Урбани вести

ЗАВРШИ ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со седумдесет и седум точки на дневниот ред, Советот на Општина Охрид ја одржаа 24 –та седница. Советниците најголем дел од својата работа, посветија на усвојување на одлуки за донесување на урбанистичко плански документации за вклопување на бесправно изградени објекти. Пред почетокот на седницата, в.д. градоначалник Константин Георгиески, во изјава за медиумите посочи дека дневниот ред ќе претрпи измени со дополнување, но и со изземање на две точки, од кои едната за легализација на објекти во авто – кампот “Градиште“ предизвика особен интерес.

– Иако стручните служби солидно ја подготвиле информацијата за легализација на објекти во авто – кампот “Градиште“ и прибавени се позитивни мислења од сите институции, сметаме дека поради новиот состав кој треба да биде избран во Комисијата за денационализација, овие точки треба да ги повлечеме од седницата и да ги разгледуваме во периодот кога ќе прибавиме мислење од новите членови на комисијата – истакна Георгиески.

Седницата беше дополнета со предлог одлуки за: План и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Охрид, предлог одлуки за пренесување на правото на користење на повеќе наменски возила на ЈП “Охридски комуналец“ и три точки од урбанистичката сфера.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Директорот на Агенцијата за разузнавање: Добиваме нови информации за „Диво насеље“

saso user

Мизрахи , кога „Циганите“ ги вајѓавте на гласање со тргање за уши тоа беше твоја анти семитистичка идеологија??

saso user

ОСМАНИ: И ЧЛЕНКИТЕ И КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ, ИМААТ ЗАЕДНИЧКА ОБВРСКА ДА СОЗДАДАТ ПОБЕЗБЕДНА И ПОСТАБИЛНА ЕВРОПА

saso user