Бизнис Македонија Топ вести

Од полноќ повисоки цени на нафтените деривати

Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар иполовина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар.

За еден денар поскапо ќе се продава Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло. Така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 48,50 ден/лит.

Дизелот се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и ќе изнесува 31,121
ден/кг.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Алијансата за Албанците: Заев не овозможи функционери на ДУИ да дадат отчет за нивното минато

saso user

Антоније Мариноски e новиот Извршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“

saso user

Патиштата влажни, внимателно возете

saso user